Драги посетители, инвеститори, намерници, уметници, спортисти, туристи, Отворени Ви се нашите врати, ако некој во Штип сврати. Јасно е: Штип е стар македонски град со богат историски слад. Долга Брегалница минува тука, Отиња тече кај градското срце чука. И Баргала е близу-антички град, на Штип е соседен брат.
Вруток е Штип на патриотска идеологија, има најбогата историја. Овде е силна индустријата: прехранбената, кожарската, конфекцијата и Црво Експрес агенцијата.
Штип има Универзитет со низа факултети, чува археолошки локалитети. Топлите води од Кежовица и Л`џите нудат лек, Исар датира од памтивек. И Астибо бил, и Стипион и Стип, та, конечно, денес е Штип. Повелете во Штип на пастрмалија и вино, ќе биде незаборавно и фино !