Идеалните патувања за секој знак, омилениот превоз и дестинација, како го поминуваат времето на одмор... Погледнете и видете дали тоа се совпаѓа со вашите желби. Можеби ќе добиете интересна идеја токму за ова лето.
Овен - Ризикувам
Припадниците на првиот знак сакаат да знаат по малку за се и сешто, па постојано ќе поставуваат прашања барајќи инфаормации и места. Нови интересни луѓе исто така, па не им е проблем да патуваат сами бидејќи стекнуваат куп познанства на самото патување. Овните сакаат да откриваат нови места патувајќи со големи брзини. Ги бираат најбрзите начини за транспорт, најчесто воздушните. Вклучувајќи се што може да го крене адреналинот, патувањето го претвораат во авантура. Не саат да им биде организиран секој дел од денот, па бираат да патуваат со свор возило и да се задржат на местото додека не им здодее, што се случува доста брзо. Нивната енергија секогаш е на завидно ниво, па огнениот знак често оди да се "олади" некаде на планина. Како и да е, почесто бираат неколку покуси патувања во текот на годината отколку класично летување. Како роден лидер Овенот може и да избере место каде како волонтер ќе помогне во подобрување на некоја состојба и ќе има прилика да стане херој. Дестинација: 15 дена во Европа минувајќи 5-6 држави во едно патување; било каде во Африка; кампување, планинарење или кајакарење.
Транспорт: Ако не одбере брз мотор, тогаш сигурно ќе се одлучи за спорстки автомобил или екстравагантен велосипед.
Близнаци - Дознавам
Близнакот сака да види што повеќе за што пократко време и викенд - патувањето е како создадено за него. Секогаш љубопитен, никако нема да лежи на плажа по цел ден. Разгледувајќи се што има наоколу сигурно ќе се спријатели со многу мештани. Не сака да патува сам затоа што мора постојано да разговара со некого. Ќе спакува што помалку може за да му биде полесно да смени неколку локации во текот на еден одмор. Близнакот е одличен сопатник на групни тури бидејќи секогаш има информација за се, чесно се здружува со луѓе и ведна се снаоѓа во нова околина. Негова посакувана дестинација се големи градови каде ќе има со што да се занимава од рано наутро до...следното утро.
Дестинација: Големи градови како Лондор, Токио, Амстердам или Хонг Конг, патување низ Италија со посета на што повеќе градови и села, викенд кампување во близина на местото на живеење.
Транспорт: Сакаат да имаат избор - автомобил, автобус, велосипед па и ролери.
Лав - Настапувам
Ќе потроши колку што треба само да не мора да се заморува. На патување Лавот сака да биде разгален, па се одлучува за добар хотел или спа одморалиште каде ќе ужива во бескрајни масажи и разубавувања. Дури и ако реши да кампува, Лавот ќе има најголем шатор полн со современи помагала како фен што работи на батерии.
Дестинација: На најмонденското место во моментот. Париз во пролет, модната недела во Милано во есен, на коцкање во Лас Вегас, во ноќните клубови во Лондон...
Транспорт: Посакува огромен мотор то создава многу бука. Што и да вози сака да биде побрз од сите друѓи во сообраќајот.
Вага - Шармирам
Како создадена за гламур и луксуз. Вагата дефинитивно нема да се одлучи на кампување. Ќе ја открие совршената понуда што и овозможува прекрасен одмор за прифатлива цена. Патувањето натаму мора да биде кратко, а престојот исклучително удобен. Не сака да патува сама, а може да и здодее ако остане на едно место подолго време. Мора да биде внимателна со станската кујна бидејќи има чувствителен дигестивен систем.
Дестинација: На карневал во Рио, во Хонг Конг, Непал, Мароко, Минхен.
Транспорт: Би се одлучиле за заеднички автомобил што ќе го користат со уште неколкумина. Не им е постојано потребен, сакаат да заштедат на бензин и не им пречи да се координираат со уште 2-3 возачи.
Стрелец - Истражувам
Стрелецот е роден патник кој ќе посети што повеќе места во текот на животот. Не одбива големи градови, мали селца, високи плаини, неистражени острови, далечни земји... Неговиот одмор треба да биде разигран и забавен, а не тивок и повлечен.
Дестинација: А каде не ? Того, Танзанија, Сејшелите, Кина...било каде.
Транспорт: Уживаат да патуваат со воз, а не им пречи влечкањето по автобуси се додека одат на место што се уште го немат посетено. За нив транспортот е само средство да се стигне до посакуваната цел. Уживаат во дестинацијата, а не во возењето
Водолија - Бунтувам
Водолијата ќе го прифати секој предлог за патувачки предизвик - што понеобично, толку подобро. Никогаш нема конкретен и однапред подготвен план и сака да посетува несекојдневни места. Водолијата би отпатувала и некаде каде ќе медитира и ќе го најде внатрешниот мир, но проблем е да се најде друштво за вакви идеи. Дестинација: Би пробале се барем еднаш. Од Норвешка во зима до Сенегал во лето, од Аљаска до Јужна Африка...
Транспорт:Не се прибирливи за типот на возилото, и повеќе сакаат да бидат сопатници и да уживаат гледајќи го пределот околу нив.
Бик - Поседувам
Внимателно планира, па не е чудно и ако прегледа цел куп брошури и репортажи пред да се одлучи за некое место. Сака да му се угодува, па ги бира најквалитетните куфери, најдобрите хотели и највкусната храна. Бикот воопшто не штеди кога патува, па подготвен е долго да го чека патувањето за тоа да биде толкму онакво какво што си го замислил. Не сака кратки или многу далечни патувања, приврзан е со удобноста на домот, па и сместувањето му е особено важно. Како љубител на луксузот обожува крстарења, а какво патување и да избере тоа ќе вклучи добра храна, безбедна околина и што помалку напорни активности.
Дестинација: Да се види Лувр во Париз, да се оди на опера во Ла Скала во Милано, да се видат замоците крај реката Рајна... Која и да е дестинација мора да вклучува музеи, музика, добар хотел и уште подобро вино. Транспорт: Удобен и практичен автомобил, за Бикот комфорот е секогаш поважен од изгледот.
Рак - Негувам
Ракот сака да го види светот, но баш и не сака да го напушти домот. Не бара многу и одлично раководи со парите кога патува, па ќе си најде занимација според сопствениот буџет. Секогаш се радува кога е крај вода, ужива да плива и да плови на брод. Не сака нови дестинации, па со години го посетува истото место и никогаш не му е здодевно.
Дестинација :Секаде каде е мирно и има плажа,
Транспорт :Избира модели со своја историја, во идеален случај елегантни олдтајмери.
Девица - Јас морам
Пред да тргне Девицата мора да направи листа на се што треба да спакува, се што треба да се види на таа дестинација и евентуално што би можела да научи таму. Потствесно секогаш чувствува малку вина поради потрошеното време и пари.
Дестинација: Во Швајцарија поради чистите улици и свежиот воздух од Алпите, некоја од скандинавските држави или друго место богато во историски споменици.
Транспорт: Возило со доволно голем простор за да ги собере сите нешта што сакаат да ги понесат со себе, а истовремено да не е премногу големо бидејќи не сакаат да отскокнува од останатите кога го паркираат.
Шкорпија - Се припивам
Шкорпијата ги избира егзотичните места каде останатите вообичаено не патуваат. Сонува за пирамидите во Египет или Кинескиот ѕид, а ќе ги издржи сите климатски услови, но не и туристичките водичи. Сака чудни места, па затоа често патува сам/а.
Дестинација: Монголија, Сибир, Богота, Бомбај, Сиднеј или пак некаде каде ќе се ангажираат во заштите на животната средина, загрозените видови животни или нешто слично. Транспорт: Скорпијата ќе се вози со воз, но не стапнува во автобус. Нема да лета со прва класа, но ќе нарача скап пијалок во бизнис класата. А каква кола и да има, сигурно ќе биде шик и атрактивна.
Јарец - Постигнувам
Јарецот ќе ја бара најприфатливата понуда, но нема да се ценка. Од патувањето очекува да искуси и научи нешто ново, па разгледува објекти со голема вредност како Таџ Махал, пирамидите, и дамнешни тврдини и замоци. Сака височини и ужива да престојува на планински места. Јарецот е секогаш расположен да потроши пари на убав сувенир.
Транспорт: Го бираат најефноставниот начин, ако е автомобил ќе биде стабилен и сигурен, а онаму каде градскиот превоз е најдобра опција веднаш ќе си извадат карта
Риби - Верувам
На прво место им се крајбрежни местенца каде ќе пливаат, нуркаат и пловат. Рибите се романтични и многу емотивни, па најмогу сакаат да патуваат со својот партнер. Бидејќи се многу сочувствителни ним повеќе отколку на останатите им влијае атмосферата на местото кое го посетиле.
Дестинација: Ќе одат секаде каде се потребни, на пример да им помогнат на гладните во Африка, или пак ќе одат да се релаксираат во место со богата култура и уметност.
Транспорт: Најсреќни се на брод, ќе прифатат се од кајче до јахта се додека ги гледаат брановите околу нив.