Интересни факти за Македонија кои досега не сте ги знаеле !
Ја знаеме ли доволно нашата Македонија ?
Правиме реклами за странците да ја запознаваат Македонија, снимаме скапи спотови, а всушност не е до реклама, туку мораме да забележоме ние Македонците не сме баш добри домаќини.
Зошто ?
Ако некој странец ве за праша што треба да се види во Македонија, имате два или три одговори: Охрид, Маврово, Дојран.
Ако ве праша по што е Македонија на пример ЕДИНСТВЕНА во светот знаете ли да кажете ? Колку манастири или цркви имаме ? Најголем број ќе кажат многу, а повеќето од половината не знаат да набројат повеќе од две, а да дадема патоказ како да стасаат до нив ?
Е, тогаш странците треба да имаат среќа да налетат на некој кој знае. Колкумина од вас биле на Беровско или Дебарско езеро, струмички водопади, сте ја виделе ли прекрасната црква во Радовиш, Л`џите во Штип, Св.Јоаким Осоговски и куп прекрасни македонски манастири, сте ги посетиле ли археолошките локалитети на старите градови и знаете ли дека во Македонија ги има и за извоз ?
Еве еден пример, најскапата колекција монети која е продадена е токму од Македонија и тоа колекцијата пеонски монети кои биле украдени од Македонија а продадени без никакви последици на аукција во големата Сотби аукциска куќа.
Колку си ја знаеме нашата сопствена татковина, нашата природа, нашата историја, корени ? Рекламите на владата изгледа треба прво во Македонија да се вртат по телевизиите, а после да одат во светот. Можеби нема да се согласите со нас ама за да го потрепам тврдењето еве неколку факти за Македонија, некој познати, но за некој малкумина знаат. Ние до нив дојдовме благодарение на работата која ја работиме па стигнуваат до нас вести и информации, но прашуваме зошто сме од некој факти запрепастени што ги слушаме. Одговорот на прашањето дали си ја знаеме Македонија барајте го во овие информации:
- Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.
- Дали сте знаеле дека многу скапоцени камење што можете да ги видите во светските каталози, се прокриумчарени од Прилепско.Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа.
- Македонски рудник "Aлшар" на планината Кожуф е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален "рудник" на еколошки чиста енергија.Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на "Емералд" - мрежата за заштите на природните реткости.
- Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Вториот по клвалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики останатите ( Колумбискиот на пример е околу 3,5 МЕ, македонскиот е замислете 14 Морфиски Единици).
- Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот - " Виа ИГНАЦИЈА "
- Пештерата Пешта во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентичка како измислените пештери во господарот на прстените.
- Во темелите на манастирот "Св.Богородица Пречиста" (Кичево) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот " Св. Јован Бигорски" како и во манастирот " Св. Георгиј Победоносец " во с.Рајчица - Дебарско.
- Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел - Скопје.Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот " Гркот Зорба " живеел во Скопје имал жена, деца и во 1942 починал во Скопје.
- Освен Мајка Тереза познати лица родени на овие простори се и таткото на модерна Турција Кемал Ататурк роден во Битола.
- За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад во времето на Александар Македонски кој измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.
- Музиката во Македонија датира од 11 век. БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен Охридско, а во охридскиот музеј се чуваат нотни писма на 14 музички ракописи датирани од 10 до 14 век.
- Најстарото дрво во Македонија Платанус Ориенталис во Охрид познато како Чинарот, расте од времето на Св.Климент Охридски 9 век.
- Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишата од Македонец. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год, и ја објави во весникот Нова Македонија и денес истата е химна на Арапскиот свет.
- Во МПЦ само во манастирот " Св.Ѓорѓија Победоносец " се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и многу пошироко.
- Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинствениците на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.
- Првиот светски златен медал на македонски фотографи - Браќата Манаки 1905 год. во Битола отвараат ново " Студио за уметничка фотографија " и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година, каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.
- Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000-8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина.
- Првата зоолошка на Балканот е во Скопје.
- 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години (а ние малку фалеше да ги потопиме со вештачкото езеро )
- Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер Скопска Црна Гора. Во последен момент купил карта од еден поп и се качил на Титаник. Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод, со господа, кој не го пуштиле. Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се вратил по преживеаните. Спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.
- Според НАСА, Кокино е 4 на листата најстари опсерватории во светот... останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia. Но помалку позната е и Чпчев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.
- Македонија има 34 планини и 53 природни и вештачки езера, најстарото во Европа е Охридското кое е и најдлабоко на Балканок. Старо 4 милиони години и во него има 200 ендемиски видови кој се со светска важност.
- Во Македонија се произведуваат годишно повеќе од 135 милион литри вино и 150 милиони литри ракија, а пиво 850 милиони литри.
- Првата железничка пруга на Балканот Салоника - Скопје е изградена во 19-иот век.
- Анастасие I (Flavius Anastasius ) византиски цар (491-518) е најзаслужен за градбите во Македонија: Самоиловата тврдина, Маркови Кули, Скопското Кале и.т.н. се од Јистинијан I.
- Првата црква, првата покрстена во Европа - Македонката Лидија. 50 години по Христа, Ап. Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во " Дела апостолски 16.13 - " пишува: "Преку ноќта на Павле му се јави привид: стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше Преди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни !" Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите - Филипи, Бер, Стоби и Охрид, со што симобично и патот на Пабле е во обик на голем крст над Македонија... Првата покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала Црвени тракенини... Токму црвената боја е сеприсутна низ македонскиот фолклор, траенини, везови, но и борба за востанични знамиња.
- Лесновскиот Манастир е Прва монашка република на Балканот. Во него постоело книжовно училиште - "Лесновски скрипторум" и тоа уште од половината на XI век, но и калиграфско (препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собрани од најстарите времиња и најдалечните краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје.
- Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е. пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија, кој се проценува на 30 000 - 100 000 години старост. Со пронајдокот од егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека, тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок !
- Првите карпески градови создадени во Македонија и во светот пред 32 000 000. Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод дека Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат без откриени во местото Лас Мазил, во Франција, во Македонија се откриени во Пелагодија, во Славишко поле- Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.
Ова е само мал дел од она што го знаеме или не го знаеме за нашата земја и потекло. Како ќе им раскажуваме на странците по што е Македонија уникатна и прекрасна ако не знаеме ни самите ... ? Запознај си ја татковината за повеќе да ја сакаш ... !